Со цел да се помогне да се обезбедат сретства потребни за пресадување коскена срж на нашата сограѓанка Сара Настеска, која боледува од Anemia Aplastica, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, Центарот за култура “Григор Прличев” организира голем културен настан наречен “Артистите за Сара”, со многу музика, стендап и кабаре.

Натапуваат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Јован Куциноски, Јане Тодороски, Зоран Донев/Јован Цветкоски/Илија Богданоски/Никола Сиљаноски/Јордан Коцевски.

Картите по цена од 200 денари, можат да се купат на билетарата на Центарот за култура, секој ден од 10:00 до 20:00 часот.

Настанот ќе се одржи во недела, 4 ноември, во Големата сала на Центарот за култура со почеток во 20:00 часот.

OhridNews