Тренерот на Арсенал, Микел Артета е задоволен од играта на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Вест Хем.
Арсенал во мечот од 17. коло на Премиер лигата славеше победа над Вест Хем со 3:1.
Покажавме одлична самоконтрола и вештина. Од самиот почеток на натпреварот почнавме да играме поинаку отколку што сакаше противникот, продолживме да притискаме, верувавме во себе и, како резултат на тоа, заслуживме да победиме. Го прегрнав Нкетиа бидејќи тој целосно го заслужи голот со својата игра. Ја покажа својата сила, умешност и способност да го чека моментот, како и самоконтрола. Извонредна изведба, изјави Артета за „Би-би-си спорт“.
По овој натпревар, Арсенал е на првото место во Премиер лигата со 40 бодови, Вест Хем е на 16. место со 14 бодови.
OhridNews