Тренерот на Арсенал, Микел Артета е убеден дека неутралните навивачи сакаат Арсенал да ја освои Премиер лигата.
По она што го гледаат, луѓето имаат силно наклонетост кон нас, нашите играчи и начинот на кој ги правиме работите. Мислам дека не бевме први фаворити и мислам дека тоа не се промени. Манчестер сити е кандидат број еден од првиот ден, бидејќи тие беа на таа позиција во поголемиот дел од последните пет години. Сигурен сум дека ако требаше да се обложите со некого пред сезоната, исто како и многу луѓе би направиле нешто поинаку од изборот на Арсенал, изјави Артета.
Очекува неговите фудбалери да ја задржат енергијата и да играат како во досегашниот дел од сезоната.
Можеме само да го контролираме она што го правиме самите. Ова го кажувам веќе три месеци. Се работи за тоа што ќе правиме утре. За енергијата со која треба да играме и како ќе продолжиме да веруваме во она што го работиме. Не можеме да контролираме што ќе прават другите тимови. До крајот на мај треба да имаме одреден број бодови. Не е важно како и каде, но треба да ги освоиме овие бодови. Кога ќе се видите себеси на врвот и кога ќе го видите тимот како настапува и победува на натпревари, сакате да продолжите. Тоа е сигурно, додаде Артета.
Арсенал е на делба на првото место на табелата во Англиското фудбалско првенство со Манчестер сити со по 51 бод.
OhridNews