Индивидуалните грешки на фудбалерите скапо го чинеа Арсенал во градската пресметка со Тотенхем. „Петлите“ со 2-1 славеа во дербито од 35-та рунда во Премиер лигата. „Топчиите“ поведоа со погодокот на Лаказет, но условно домаќините со два погодоци го свртеа резултатот во своја полза. Прецизни беа Сон и Алдервирелд.
Разочаран сум и несреќен. Им кажав на момците само да ја погодат топката, но кога ќе промашите вакви шанси станува тешко. Индивидуалните грешки се психолошки тешки. Тоа влијае на расположението. Им се извинувам на фановите. Знам колку им значи ова. Овој пораз е огромен удар и за нас. Сепак, ќе се бориме во првенството и ФА Купот за да ја завршиме сезоната што е можно подобро. – изјави менаџерот на Арсенал, Артета.
Арсенал со 50-ет бодови се наоѓа на 9-та позиција на табелата во Премиер лигата. Пред клубот од Емирати се наоѓаат Шефилд со 52 бодови и Вулверхемптон со 55 бодови.
OhridNews