Фудбалерите на Арсенал со 2-0 го совладаа Манчестер Јунајтед на „Емирати“ и му ја донесоа првата победа на Микел Артета како менаџеро на „топчиите“. Предводникот на тимот од северен Лондон не го криеше задоволството после победата која ја посакувал многу после лошиот резултатски почеток.

  • Чувството е неверојатно. Многу сум среќен и горд на играчите за играта и победата над Манчестер Јунајтед. Од почетокот можеше да се осети маестралната атмосфера на Емирати. Сакам да им се заблагодарам на навивачите затоа што тие беа уште подобри од нас. Се што замисливме во првиот дел остваривме, а во вториот паднавме на физички план, но успеавме да го задржиме водството. Работевме многу измиантиов период и затоа очајна ја посакував победата, бидејќи таа е награда за вложениот труд. – изјави Артета.

Арсенал со 27 бодови се наоѓа на 10-та позиција, но со изгледни шанси да се замеша во борбата за местата на табелата кои водат во Европа.

OhridNews

Трета среќа за Артета, „топчиите“ го средија Манчестер Јунајтед (видео)