Тренерот на Арсенал, Микел Артета се осврна на победата над Евертон (4:0) во одложениот натпревар од 7. коло на шампионатот на Англија.
Воодушевен сум од победата и од тоа како одигравме по првите 25 минути, иако имавме некои тешкотии на почетокот. Само што го постигнавме првиот гол, играта се отвори. Ни требаше магичен момент и Букајо го создаде. После тоа се подобривме и заслуживме да победиме. Арсенал одигра многу добро во вториот дел и можеше да постигне повеќе. Не се сомневав дека ќе се вратиме по поразот од Сити. Кога ги гледам моите играчи секој ден, разбирам колку сакаат да победуваат, изјави Артета за „Би-би-си“.
Лондонскиот тим ја извојува третата победа во низа и со 60 бода продолжува да води во Премиер лигата.
Евертон е на 18. место со 21 бод.
OhridNews