Фудбалерите на Арсенал, триумфираа во лондонското дерби со Челси 3-0 (2-0) и ставија точка на серијата од седум мечеви без победа во Премиер лигата.
„Топчиите“ во вистински момент го одиграа најдобриот натпревар сезонава и го спасија Микел Артета од отказ кој му се закануваше ако го изгубеше дуелот со „сините“.
Домаќините победа на „Емирати“ ја најавија со два голови во првиот дел, а ја заверија со уште еден погодок во второто полувреме. Лаказет од пенал и Џака од слободен удар погодија за „топчиите“ во првите 45 минути, а Сака прецизен беше во вториот дел. Челси почесен погодок постигна преку Абрахам
Со новите три бодови, Арсенал побегна од опасната зона, а, Челси ќе остане на петтата позиција на табелата.
- Резултати:
Лестер – Мен Ју 2-2
Фулам – Саутемптон 0-0
Астон Вила – Кристал Палас 3-0
Арсенал – Челси 3-1
OhridNews