Финишираат подготовките на македонската кошаркарска репрезентација, а македонскиот селектор Јовица Арсиќ со епитети говори за залагањето на  помладите во тимот, за кошаркарите на Амак СП браќата Војдан и Дамјан Стојаноски.

– Близнаците досега играат одлично и се многу подобро подготвени и поквалитетни во однос на овој период лани. Пријатно сум изненаден од нив. Се надевам дека ќе продолжат во ист ритам – дополнува Арсиќ.

Војдан доби шанса на првиот натпреват одиран во Охрид против Словачка кога за 24 минути постигна осум поени, имаше 3 скока и две аситенции, додека Дамјан беше дел од вториот натпревар, а за 15 минути на паркетот постигна 4 поени имаше еден скок и една асистенција.

М.П.