Македонскиот селектор Јовица Арсиќ, не беше задоволен од прикажаното на првиот натпревар пред охридската публика. Според селекторот најголемиот проблем е дефанизвиниот скок.


Нивните мали играчи имаа огромен број на скокови, наспроти нашите кои едноставно немаат навика ако не друго барем да ја заградат топката, не дозволиво е екипата на Словачка која имаше само поголем мотив да не надскока. Ако играме само со пет-шест играчи во одбрана тоа е проблем, мора да имаме десет расположени играчи ако сакаме да играме агресивна одбрана. Некои играчи немаа минутажа, некои немаат навика, само неколку играчи имаат снага за таква игра. во која би го одржале ритамот во одбрана но и да имаме концентрација за напад – рече селекторот Јовица Арсиќ по завршувањето на мечот

Селекторот истакна дека не може се да биде идеално, но дека работите може да се поправат до стартот на ЕП во Полска.

М.П.