Проработи македонскиот инает, па кошаркарите и се реваншираа на Германија за поразот во Бамберг. Селекторот Јовица Арсиќ истакна дека добро ја анализирале играта на Германија и не ги повториле претходно направените грешки.

– Бевме мотивирани за реванш за тој пораз, па по искуството од Бамберг максимално одигравме во сите 40 минути и успешно ја одржувавме нашата предност. Задоволен сум, ова е одличен резултат за нас. Во финалето ќе настапиме растоварени. Резултатот не ми е во прв план, повеќе ме интересира играта.

ohridnews