Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јовица Арсиќ го скрати списокот на кошаркари за три имиња. Во Германија нема да патуваат Бојан Трајковски, Јане Петровски и Кирил Николовски.


До крајот на подготвките пред настапот на Европското првенство во Полска нашата селекција покрај турнирот во Бамберг ја очекува и последната контрола, а тоа е учеството на Ефес купот во Турција по што селекторот Арсиќ го објави конечниот  список на играчи кои ќе го носат дресот на националниот тим на Евробаскетот.

М.П.