Претпоследниот ден од зимскиот преоден рок донесе неколку интересни и помалку очекувани трансфери, а можеби го најави „трансфер лудилото“ кое ќе ги зафати екипите во текот на утрешниот ден, кој е последен за ангажман на нови фудбалери.
Арсенал се засили од Барселона
Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери си остана на зборот даден пред почетокот на зимскиот преоден рок дека клубот не може да си дозволи трансфери туку ангажман на позајмица. Нов член на Арсенал е Денис Суарез од Барселона. Каталонците фудбалерот за врска го ослободија шест месеци. Лесно може да се случи во текот на последниот ден од зимскиот преоден рок Арсенал да доведе уште еден фудбалер. Низ англиските медиуми се шпекулира со името на Јаник Караско. Поранешниот член на Атлетико Мадрид сака да се врати во Европа, бидејќи на блискиот исток речиси и да не направи ништо.
Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед продадоа фудбалери во Кина
Германскиот и англискиот гигант Баерн Минхен односно Манчестер Јунајтед максимално го искористија интересот од кинеските екипи за своите фудбалери. „Баварците“ за сума од 15 милиони евра го продадоа Сандри Вагнер во Тианжин Теда. Офанзивецот пред едена година се врати во Минхен но не успеа да се наметне ниту како замена за стандарниот Роберт Левандовски и збогувањето беше неминовно.
Репрезентативецот на Белгија, Маруане Фелаини е првата „жртва“ на Оле гунар Солскјаер. Белгиецот не се најде во плановите на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ и првата примамлива понуда која стигна до него ја прифати. Фелаини на Олд Трафорд пристигна заедно со Дејвид Мојс, а уживаше голема доверба кај Луис ван Гал и Жозе Мурињо. Сумата за која Манчестер Јунајтед го продаде Фелаини во Шандонг Луненг не е позната.
За разлика од претходните сезони овој зимски преоден рок помина мирно и без некој сензационален трансфер. Минатата година таков беше трансферот на Кутињо од Ливерпул во Барселона за 150 милиони евра.
OhridNews