Бранителот на трофејот во Премиер лигата, Ливерпул го задржа максималниот ефект по три одиграни мечеви совладувајќи го Арсенал во дерби пресметката со 3-1, полувреме 2-1.
„Топчиите“ иако изгубија му покажаа заби на Ливерпул кој со пресврт победи и ги освои бодовите. Гостите од Лондон поведоа во 25-та минута со погодокот на Александар Лаказет по големата грешка на Енди Робертсон. Радоста на Арсенал траеше само три минути. Садио Мане во 28-та минута изедначи на 1-1. Во 34-та минута Робертстон се изваде за киксот постигнувајќи погодок за водство на домаќините 2-1. Печат на победата стави Диого Жота со дебитанскиот погодок во 88-та минута.
Третата рунда во Премиер лигата се комплетираше со дуелот Фулам – Астон Вила во кој триумф славеа гостите 0-3.
OhridNews