Челниците на Арсенал се заинтересирани за фудбалерот на мадридски Реал, Браим Дијаз, кој настапува како позајмен играч во калчолигашот Милан, јавија денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, повремениот шпански репрезентативец не е во плановите на Реал, а лондонски Арсенал за услугите на Дијаз е подготвен да плати 30 милиони евра.
Дијаз досега сезонава одигра 31 натпревар за Милан и постигна пет голови. Во редовите на Реал дојде во 2019 година од Манчестер сити, а потоа беше позајмен на Милан.
Шпанскиот фудбалер има долгорочен договор со Реал кој истекува на лето 2025 година.
OhridNews