Турските великани Фенербахче и Галатасарај заедно со Арсенал ќе се тркаат за потписот на македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Арсенал веќе испратиле конкретна понуда за фудбалерот на Леванте. Според шпанските медиуми клубот од Лондон нуди 20 милиони евра за услугите на Барди кој во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра. Се шпекулира дека Леванте не сака да прифати помала сума од 25 милиони евра за еден од своите најдобри фудбалери.
Ситуацијата внимателно ја следат во Истанбул, Фенербахче испратиле понуда која е идентична со инаа на Арсенал, додека Галатасарај засега се без конкретна понуда, но според турските медиуми легендарниот тренер Фатих Термин разговарал со Барди и му ја ветил „десетката“ доколку потпише за неговиот тим. Енис Барди летото во 2017 година од Ујпешт се пресели во Леванте.
За неговиот трансфер шпанскиот клуб издвои 1,5 милиони евра.
OhridNews