Арсенал ова лето би можел да го сруши рекордот на трошоците за трансфери, објави „Тајмс“. Лондонскиот премиерлигаш е подготвени да потроши повеќе од 200 милиони фунти.
Главните цели на „Топчиите“ се играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс и играчот од средниот ред на Брајтон, Мојсес Кајседо.
Арсенал е втор во табелата во Премиер лигата со 81 бод по 36 натпревари. Во последниот натпревар лондонци убедливо загубија од Брајтон (0:3).
Речиси цела сезона Арсенал беше лидер на табелата во Премиер лига, но попушти во финишот и сега е само со теоретски шанси да биде подобар од Манчестер сити.
OhridNews