Репрезентативецот на Гана, Томас Парти, речиси сигурно ќе ги пропушти натпреварите на Арсенал до крајот на оваа сезона, во која лондонскиот клуб се бори по подолг период да избори место во Лигата на шампиони.

Парти е вон тренажен процес откако пред околу две недели го повреди бутниот мускул за време на лондонското дерби против Кристал Палас.

Арсенал е петтопласиран на табелата во Премиер лигата со 54 бодови, три помалку од четвртопласираниот Тотенхем, кој има одиграно натпревар повеќе.

Арсенал има три порази во последните четири првенствени натпревари, а денеска му гостува на Саутемптон.

OhridNews