Фудбалерот на Арсенал, Александар Лаказет поради повреда на препоните ќе го пропушти дербито со Манчестер Јунајтед кое ќе се одигра на Емирати в сабота со почеток во 18 часот и 30 минути.
Францускиот интернационалец се повреди на дуелот со Хадерсфилд кој „топчиите“ го добија со 5-0. Лаказет во првиот дел постигна еден гол и го донесе својот тим во водство, а на полувремето излезе поради болка во делот на препоните.
– Лаказет има проблем со препоните и сигурно ќе го пропушти дербито со Манчестер Јунајтед. Што се однесува до самиот натпревар не очекувам Јунајтед и Жозе Мурињо да се бранат, бидејќи бод не им одговара во трката со Сити за првата позиција на табелата. – изјави Арсен Венгер.
Лаказет пред почетокот на сезонава пристигна во Арсенал од Лион и со седум голови е најдобриот стрелец во екипата во мечевите од Премиер лигата.
OhridNews