Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер е најдобар тренер на светот за
изминатата деценија во изборот на германскиот Институт за историја и
статистика во фудбалот (IFFHS).


Арсен Венгер имаше 156 поени, втор заврши сер Алекс Фергусон со 148, следуваат Жозе Мурињо со 135, Фабио Капело 120 и Гус Хидинк 112.

Во листата од 176 тренири од 50 земји нема ниту еден македонец. Најбројни се аргентинците со 18, Бразил има 16 додека Шпанија 14.

Ohridnews