Арсен Венгер наскоро би можел да и се врати на тренерската работа. Човекот со кого се поврзани најголемите успеси во историјата на Арсенал не би одбил понуда од „Олд Трафорд“. Венгер 22 години ги предводеше Арсенал, а во тоа време најголеми ривали му беа Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед.
Неодамна 69 годишниот тренер доби работа во ФИФА, меѓутоа и самиот признал дека тоа не е работа што го исполнува. Манчестер Јунајтед очајнички посакуваат да се вратат на победничките патеки, а медиумите на Островото ги интересирало дали Венгер би прифатил евентуална понуда од „Олд Трафорд“.
- Тоа е работа од сништата за секој тренер со самодоверба и храброст. Го имам сето тоа. На тој тим му требаат четворица првотимци, но јас сметам дека имаат добар тим. Не се толку далеку од врвот како што зборуваат луѓето. Проблемот е тимот нема препознатлив стил на игра, до тоа се доаѓа низ тренинзите. Како што кажав, четворица играчи и требаат и тогаш можат да се борат за трофеите во сите натпреварувања. – изјави Венгер.
Моментално менаџер на Манчестер Јунајтед е Оле гунар Солскјер, кој го наследи Жозе Мурињо декември месец минатата година.
OhridNews