Арнолд Шварценегер најверојатно ќе ја добие улогата на негативец во првиот од трите најавени продолженија на филмот Аватар на режисерот Џејмс Камерон.


Според американските медиуми, ѕвездата на Терминатор бил првиот избор на Камерон за “немилосрдниот генерал” кој ќе се појави во новиот филм, планиран за 2016 година.

По Терминатор 1 и 2 и “True Lies” ова ќе биде четврти филм во кој соработуваат Шварценегер и Камерон.