Штотуку заврши петтата сезона од серијата „Игри на престолот“, а веќе се појавија некои информации за новата сезона. Имено, она што зесега е ново е тоа што во серијата ќе глуми и Арнолд Шварценегер. Тој претходно веќе соработувал со Емили Кларк, попозната како Калиси, мајката на змаевите во филмот “Terminator Genisys”.
Арнолд се разбира со својата градба е одличен за еден воин, а фановите веќе замислуваат како ќе ги убива своите противници. Изјавил дека ја обожава серијата и дека ги гледал сите серијали. Навистина му е чест да глуми во неа. Вели дека со режисерот Тејлор би работел во било кој момент. Сепак, актерот не открил каква ќе му биде улогата во популарната серија.