Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер ќе стане уредник на две списанија за бодибилдинг. Како што пренеле медиумите, Арнолд Шварценегер бил именуван за извршен уредник на списанијата ”Muscle & Fitnes” и ”Flex”. Повеќекратниот шампион на најголемото меѓународно натпреварување во бодибилдинг Мистер Олимпија бил на оваа позиција пред десет години кога победил на изборите за гувернер. Откако бил критикуван поради можниот судир на интереси, ја напуштил оваа работа.
Според пишувањето на Лос Анџелес Тајмс, Шварценегер помеѓу останатото ќе пишува колумни во списанијата на чии насловни страни се појавил повеќе од 60 пати. Во соопштението за медиумуте рекол дека списанијата како овие две го инспирирале да почне да крева тегови.