Актерската ѕвезда и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер е уапсен во Мелбурн бидејќи не носел кацига додека возел велосипед. Него во понеделникот го сопрела градската полиција бидејќи управувал со велосипедот спротивно од законските прописи. Казната за тој прекршок изнесува 149 австралиски долари.
Сепак, неуништивиот Арнолд ги шармирал припадниците на редот и законот, па му било прогледано низ прсти. Тој веднаш во продавницата во близина купил кацига, а полицајците го пуштиле на мир да се одвезе. Тој на крајот и се фотографирал со деца. За разлика од него, тие знаат за безбедноста во сообраќајот.