Поранешниот гувернер на Калифорнија и познатиот актер Арнолд Шварценегер сепак би можел да го спаси својот брак, бидејќи неговата сопруга Марија Шривер повеќе не била сигурна дека сака развод. Таа неодамна им се доверила на своите пријателки дека не се осмелувала на тој чекор. Нејзиното двоумење се поврзува со нејзините верски уверувања кои не оправдуваат развод. Според истиот извор, Шварценегер во последно време бил посебно внимателен кон Марија и се обидувал повторно да ја освои.
Актерот и поранешната новинарка се венчале во 1986 година и имаат четири деца, Кетрин, Кристина, Патрик и Кристофер. Од мај оваа година живеат разделено, а во јули Марија поднела барање за развод кога дознала дека Арнолд ја изневерувал со куќната помошничка со која имал вонбрачен син.