Актерот Арнолд Шварценегер потврди дека повторно ќе се врати во улогата на Терминатор во шестото продолжение на филмот, “Terminator: Genisys”, кој во кината би требало да се појави во 2017 година. Холивудските медиуми објавија дека Арнолд на еден свој фан за време на посетата на Будимпешта му рекол дека планира да сними уште едно продолжение следната година.

 

Откако ја напушти политичката должност во 2011 година, поранешниот гувернер на Калифорнија одлучи да и се врати на кариерата во Холивуд. Арнолд последен пат ликот на Терминатор го играше во 2003 година, а во последниот дел од франшизата кој е снимен во 2009 година го глумеше Кристијан Бејл, кој беше жестоко бомбардиран од страна на фановите и критичарите.