Доскорешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер најавил враќање на филмот. Шварценегер, на кој на почетокот на јануари му истекол вториот мандат на местото гувернер, рекол дека моментално чита три сценарија. Рекол дека посебно му се допаѓа сценариото кое му било понудено пред да стане гувернер. Во таа приказна би требало да игра ветеран која на крајот на војната добива наредба да убие група деца. Но тоа тој не го прави, туку ги спасува децата ризикувајќи го сопствениот живот.


Сценариото било засновано на вистинска приказна. Постои можност да се работи за сценариото на филмот “With Wings As Eagles” на сценаристот Рандал Волас. Во него се зборува за германски војник кој не ја испочитувал наредбата на Нацистичката партија и одлучил да им помогне на американските воени заробеници.