Актерот Арнолд Шварценегер признал во интервју за германскиот весник „Билд“ дека сеуште ја сака својата сопруга Марија Шривер од која се разделил. Некогашниот гувернер на Калифорнија рекол дека и покрај тоа што се разделени, Божик го минал со Марија и нивните деца.
Тој нагласил дека тие „не водат никаква војна“. Истакнал дека сеуште верува дека ќе се смират и дека сеуште ја сакал. Таа поднела барање за развод по 25 години брак откако Арнолд Шварценегер признал дека има дете со нивната некогашна куќна помошничка.