Поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот Арнолд Шварценегер повторно ќе го глуми ликот на програмираниот убиец Терминатор, објавил интернет сајтот „Дедлајн“. Актерот потпишал договор за петтиот филм во серијалот за Терминатор кој ќе биде во режија на добро познатиот Џејмс Камерон.


Камерон, кој ги режирал првите два терминатори, изјавил дека е задоволен што третото и четвртото издание на серијалот не го надминале на благајните во кината. Шварценегер не глумел единствено во четвртото продолжение на серијалот, а нивното обединување ветува продолжение на филмот какво само може да посакаме.