Во интервју за австралискиот „Канал 9“, Арнолд Шварценегер откри дека повторно ќе го освои големото платно како Терминатор во шестиот дел на култната научнофантастична приказна. Минатата година Арнолд откри дека во план е снимање на ново продолжение на Терминатор и тоа во 2016 година, но студиото „Парамаунт“ ја откажа продукцијата во јануари оваа година. Како што вели поранешниот гувернер на Калифорнија, нештата сепак дојдоа на свое место и снимањето би требало да почне наскоро.

 

Претходниот филм „Terminator Genisys“ беше снимен минатата година и заработи повеќе од 440 милиони долари ширум светот, од кои 90 милиони само во САД. „Terminator Genisys“ остави многу прашања без одговор и заработи најлоши критики од сите филмови за Терминатор, а Шварценегер на сред интервју ја изненади водителката станувајќи од столот после прашање за републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Објасни дека во интервјуто зборува само за фитнес и здравје, а не за политика.