Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер во автобиографската книга ја признал аферата со Бриџит Нилсен на почетокот на осумдесеттите години, кога веќе бил во врска со Марија Шривер. Марија сигурно нема да биде горда кога ќе ги чита пикантериите на својот поранешен сопруг. Имено, во книгата со симболичен наслов „Total Recall“, поранешниот гувернер на Калифорнија признал дека Марија не ја изневерил само еднаш, туку многу пати.
Го потврдил и она за што актерката Бриџит Нилсен минатата година и сама раскажала, дека во 1985 година тие двајца на снимањето на филмот „Црвената Соња“ имале страствена афера. Арнолд тогаш бил во сериозна врска со Марија со која се оженил следната година. Марија наводно била бесна бидејќи поранешниот сопруг во детали го пишал моментот кога дознала за неговата афера со куќната помошничка со која Арнолд добил син.