Поранешниот гувернер на Калифорнија и актер Арнолд Шварценегер пишува автобиографија во која ќе зборува за разводот од сопругата Марија Шрајвер, но и за детството во Австрија кариерата на боди билдер, акциона ѕвезда и политичар. Извор за медиумите изјавил дека сепак книгата нема да открие баш се од неговиот живот.
Арнолд Шварценегер на книгата, чиј наслов е „Мојата неверојатна вистинита животна приказна“, ќе работи за време на снимањето на филмот „Платеници 2“ со Силвестер Сталоне. Портпаролот на актерот рекол дека веќе една година прави белешки и работи на книгата и додал дека не сакал да ја издаде додека бил гувернер.