Актерката Џејн Сејмор тврди дека поранешниот гувернер на Калифорнија има најмалку уште две вонбрачни деца кои ги крие од јавноста. Неверојатното откритие дека актерот го има вонбрачниот син Џозеф, плод на љубовната афера со куќната помошничка Милдрад Бена, го уништило неговиот брак со Марија Шрајвер. Но тоа не било крај на скандалите. Имено, актерката Џејн Сејмор, која се движи во истите кругови како и брачниот пар изјавила дека не е изненадена шти нивниот брак се распаднал.
Се верува дека Шварценегер и Марија не потпишале предбрачен договор, така да по разводот Марија би можела да добие околу 250 милиони фунти, а можеби и повеќе, бидејќи го најмила еден од најдобрите холивудски адвокати за бракоразводни парници. Американскиот NBC канал јавил дека уште една жена ги контактирала адвокатите на актерот со барање да се направи ДНК анализа тврдејќи дека тој е татко на нејзиниот син кој имал осум години.