Поранешниот калифорниски гувернер и актер Арнолд Шварценегер и неговата сопруга Марија Шрајвер минатата седмица обелодениле дека се разведуваат по 25 години брак, а сега била откриена и причината. Имено, славниот актер на сопругата и признал дека има дете со нивната куќна помошничка. Арнолд и Марија, кои имаат четири деца, не живеат заедно од почеткот на годинава, но до пред неколку дена успевале од јавноста да ја сокријат одлуката за разводот.
Арнолд изјавил дека е свесен оти ги налутил и разочарал своето семејство и пријателите. Додал дека нема оправдување и дека за тоа презема целосна одговорност. Се извинал на Марија, своите деца и целото семејство. Името на куќната помошничка со која Арнолд ја изневерувал сопругата не било објавено, како ниту името на нивното дете. Помошничката за семејството работела цели 20 години, а отишла во пензија точно кога завршил гувернерскиот мандат на Шварценегер.