Данската актерка и некогашен Плејбој модел, Бриџит Нилсен тврди дека имала сексуална афера со Арнолд Шварценегер за време на снимањето на филмот „Црвената Соња“ во 1985 година. Бриџит моментално ја промовира својата автобиографија, а тврди дека врската со Арнолд ја започнала набрзо откако тој почнал да се забавува со Марија Шрајвер, неговата сопруга. Иако меѓу нив имало многу страсти, Бриџит рекла дека и двајцата знаеле дека аферата ќе трае колку и снимањето на филмот.
Додала дека сакале се да пробаат и тоа го сториле. Немало забрани, ограничувања, ветувања. Тоа бил одличен период од нејзиниот живот. Шварценегер се оженил со Марија една година после тоа, а Нилсен сведочи дека никогаш не зборувал за неа. Се чувствувала како да му е единствена, и кога дознала за Марија, се почуствувала изневерена. На крајот додала дека можеби ќе ја избегнела аферата доколку Арнолд и кажел дека неговата врска со Марија е сериозна и дека планира да се венча со неа.