Арнолд Шварценегер го евоцирал својот животен пат од бодибилдер до филмска ѕвезда и калифорниски гувернер за време на свеченото отварање на сопствениот музеј во селото Тал во Австрија, од каде што потекнува. Неколку стотини обожаватели се насобрале и покрај дождот како би го поздравиле Арнолд Шварценегер пред музејот сместен во двокатната селска куќа во која бил роден.
Музејот, кој за публиката бил отворен уште на 30 јули содржи разни експонати, како првите тегови со кои вежбал и столот од темно дрво на кој седел додека ја извршувал функцијата гувернер на Калифорнија. Тој исто така ја открил и сопствената бронзена статуа која го претставува како млад бодибилдер. Заштитен со чадор, славниот актер одржал инспиративен говор, праќајќи порака дека во животот се е можно.