Куќата во австриското гратче Тал, во кое израснал Арнолд Шварценегер, била претворена во музеј. Обожавателите на поранешниот Мистер Универзум, гувернер на Калифорнија и актер,
Арнолд Шварценегер, отсега ќе можат да ја посетат куќата во која тој го минал детството, а која неодамна била претворена во музеј.


Посетителите ќе имаат можност да го видат креветот во кој спиел како дете, мотор од еден од филмовите „Терминатор“, некои од неговите први тегови, и копија од канцеларискиот стол кој го користел како гувернер. Арнолд Шварценегер живеел во скромни услови, без струја и без вода, за во 1966 година да се отсели од родниот Тал, следејќи го својот сон да победи на натпреварот за титулата Мистер Универзум.