СДСМ, Жаклина Лазаревска, Томислав Тунтев, Јован Стојаноски нудеа лажна перспектива за граѓаните, а особено за младите и привлекување на младите генерации, рече на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски.

– Зарем малку ви беа 8 години што ги протерувавте охриѓани и не ги остадовте да живеат и творат во Охрид? Охрид го претворивте во град на духови. Сите статистички податоци од државниот завод за статистика го потврдуваат тоа. Најголем број на иселени лица од Охрид се од 2007 до 2012 година. Кој беше на власт тогаш во Охрид и кој го уништуваше? Вие од СДСМ и никој друг. Ветувавте во новиот живот враќање на младите во државата и Охрид , а бројот на иселени е со најголем раст во овие 20 години, 30.000 за само 4 месеци. Како ќе ги вратите нив?, рече Арнаудоски.

Тој додаде дека во изминатите 4 месеци сите оние реформи направени од ВМРО ДПМНЕ кои го олеснале животот, една по една се укинуваат.

– Да повикувате чесен и угледен доктор кој институцијата деценија ја водел во права насока и издигнал на едно највисоко ниво, а вие зад вас да немате ниту една трошка успех е мизерно. Лазаревска, Тунтев, што направивте за овие 4 месеци за младите? За жал ништо. Пред избори одевте низ младите ветувајќи дека по завршување на нивното образование ќе им понудите опции со кои ќе им помогнете во животот:вработување, практиканство и дообука? Што остваривте од тоа? Ништо од ветеното не е остварено. Младите од Охрид видоа дека се жртва на манипулација. Велите дека парите ќе одат назад кај граѓаните, а само за 4 месеци се потрошени 420 милиони евра од кои граѓаните не видоа никаков бенефит. Охриѓани и младите се свесни, ја гледаат манипулацијата и нема да дозволат да бидат жртва на манипулација, рече Арнаудоски.