Со повлекувањето на ЈНА од територијата на Македонија во 1992 година, нашата земја остана со скромни борбени средства и воена опрема која беше во рамките на Територијалната одбрана. Оттогаш Армијата на Република Македонија постојано се опремува и гради, за денес таа да прерасне во модерна армија подготвена да одговори на предизвиците во 21 век. Потврда за тоа се бројните успешни мисии на АРМ во рамки на мисиите на НАТО во Ирак и Авганистан, а само поради ирационалниот билатерален спор со нашиот јужен сосед, македонската армија и формално не е дел од алијансата.
Одбележувањето на Денот на АРМ, што започна вчера, денеска ќе продолжи со свеченост на Славеј Планина, каде на 18-ти август 1943 година е формиран Првиот македонски баталјон „Мирче Ацев. Бталјонот го формирале припадници на Охридскиот, Битолско-преспанскиот, Велешкиот и од Прилепскиот народно-ослободителен одред.