Дејвид Бекам последниве четири години ги промовираше колекциите на долна облека на италијанскиот дизајнер Џорџо Армани. Американските медиуми пренесуваат дека дизајнерот ја откажува соработката со Бекам и дека наместо него го ангажирал Кристиано Роналдо.


тие двајца некогаш играа заедно во Манчестер Јунајтед, а португалецот го наследи бројот на Бекам по неговата преселба во Реал Мадрид. Кристиано неодамна и самиот стана член на мадридскиот клуб. Модната куќа објавила дека Кристиано ќе биде насловното лице за најновата колекција на долна облека на Армани.