Последното коло во Италјанската серија А, ќе остане запаметено по крајот на кариерата на три блескави фудбалски звезди кои се збогуваа од активното играње фудбал.


Во Фиренца, љубителите на фудбалот за последен пат ја поздравија легендарната тројка на Милан, Паоло Малдини. 26 освоени трофеи во 902 настапи и тоа сите за еден клуб е учинок која тешко ќе биде достижен. Интернационалната кариера ја заврши како играч со најмногу настапи за „азурите“ 126.

Луис Фелипе Мадеира Фиго. Португалецот во дресот на Интер го кажа фудбалското збогум. Заедно со Руи Коста и Жоа Пинто беше дел од “златната генерација“ на португалскиот фудбал.

Кариерата ја започна во Спортинг, од каде 1995 година трансферираше во Барселона, 249 пати настапи во дресот на “Благурана, постигнувајќи 47 гола. Триумфираше во КПК и два пати по ред ја освои „Ла Лига“.
Во 2000 година го направи тоа што навивачите на Барселона не можат да му го простат. За тогаш рекордни 45 милиони фунти, премина во Реал Мадрид. Еднаш триумфираше со Реал во Лигата на Шампиони. Фиго беше инструменталниот фудбалер во реинкарнацијата на Интер на патот кон четирите титули.

Павел Недвед. Чешкиот интернационалец кариерата ја започна во Спарта од Прага. По брилијатната игра на Еуро 1996 , се сели во римски Лацио, каде триумфира во италијанскиот куп.

Следната година со лацијалите го освојува последниот трофеј во Купот на победниците на куповите совладувајќи ја Мајорка со 2-1. Недвед е стрелец на последниот погодок во ова натпреварување. Во 2001 година од Лацио оди во Јувентус за 41 милион евра, како замена за Зинедин Зидан кој замина во Реал. Во црно-белиот дрес на Јувентус настапи 241 пат постигнувајќи 51 гол. Освои 4 скудета.

Недвед го пропушти финалето од Лигата на Шампиони во 2003 година, откако по стартот над Мекманман во fфинишот на полуфиналето заработи жолт картон кој значеше суспензија. За чешката репрезентација одигра 91 натпревар, а даде 18 гола.

М.П.