Петнаесет дами од високото аристоктаско лондонско друштво “London Season“, предводени од НКВ Катерина(кралско семесјтво на Србија) и војводкињата Сомарсет, вчера допатуваа во посета на Охрид.
принцезата Катерина
Мисијата на “London Season“, е промоција на Македонија, а со тоа и туристичките потенцијали на Охрид во високите аристократски кругово на Британија и собирање донации наменети за помош во различни сегменти за Македонија.
членоивите на “London Season“ во Охрид
Благородничките синоќа беа примени од градоначалникот на Охрид Александар Петрески при што се разговарало за промоцијата на Охрид, но бил покажан интерес и за вложување во македонската туристичка мека. “Постои заинтересираност за вложување на Галичица и во изградба на хотели на крајбрежјето“, изјави по средбата градоначалкникот Петрески. Тој информираше дека постои желба друштвото да помогне преку донации во здрваството и противпожарната заштита.
Високото аристократско друштво покрај културно историските знаменитости во Охрид ќе посетат уште неколку градови во земјва.
Г. Момироски