Македонски репрезентативец Аријан Адеми утеха за четири годишната суспензијата од фудбалот ќе бара во футсалот односно во екипата на Бароне која се натпреварува во аматерската лига во градот Шибеник.


Адеми од светската куќа на фудбалот (ФИФА) доби четири годишна суспензија откако беше позитивен на допинг тест по мечот со Арсенал во Лигата на Шампиони.

Неодамна, ФИФА на фудбалерот за врска не му дозволи да настапува во Четвртата лига во Хрватска која исто како футсал лигата е аматерска.

И покрај суспензијата Аријан Адеми се уште е член на Динамо Загреб и добива третман како останатите играчи кои се натпреваруваат.

OhridNews