После слаткиот мирис „Ари“ кој го лансира минатата година, пејачката Ариана Гранде повторно се сврте кон креирањето мириси. Популарната пејачка овој пат мислеше и на машките обожаватели па така настана унисекс парфем кој доби име „Френки“. Инспирацијата за името пронајде во своето семејство и новиот парфем го нарече по својот постар брат Френки.
Во новиот унисекс парфем се среќаваат мирисни ноти од праска, кајсија, орхидеја, кедер и шеќер, па е сладок како и неговиот претходник, но и прикладен за момчињата поради малата застапеност на цветни ноти. Шишенцето во кое ќе се продава е со идентичен дизајн како и парфемот „Ари“, само што е сребрено, а не розе. Оваа вест прв на Инстаграм ја објави гордиот брат на Ариана кој ги запраша фановите: „Кој е возбуден?“ Како што дознаваме, парфемот „Френки“ ќе биде издаден во лимитирана количина.