Нејзната кариера се движи по нагорна линија, па веќе ги полни салите низ цела Америка. Ариана Гранде одржала концерт во Мајами, а посебно изненадување бил токму Џастин Бибер. Кога тинејџерската сензација зачекорила на бината, започнало огромно врискање на обожавателките, а тиа двајца ја отпеале песната на Ариана ‘Love Me Harder’.

 

Џастин Бибер на својот Инстаграм профил поставил заедничка фотографија и напишал дека одлично се забавувал со Ариана иако ги заборавил зборовите на песната. Заедно отпеале уште две песни, ‘As Long As You Love Me’ и ‘All That Matters’. Ариана инаку е во врска со музичарот Биг Син и не знаеме дали има простор за љубомора.