И додека американските медиуми нагаѓале за врската на Ариана Гранде и раперотБог Син, сега Син на сите им даде до знаење што мисли за Ариана. Во неодамна дадено интевју го запрашале како ги коментира гласините дека младата пејачка е препотентна и гласините дека не сака да оди па има луѓе кои ја носат наоколу, како и дека многумина за неа мислат дека е разгалено детиште.
Биг Син застанал во нејзина одбрана. Рекол дека никој неа не ја носи, и дека се сеќава како еднаш бил со неа која ја носеле, но само затоа што и крварело стапалото. На многумина оваа изјава им била доволна да заклучат дека Ариана и Син се повеќе од пријатели. Шушкањата за нивната врска започнале кога парот бил виден по излегувањето од театар во доцните ноќни часови. Пред неа Син бил верен за ѕвездата на серијата ‘Glee’ Наја Ривера, но ја откажал свадбата. Таа набрзо после тоа се венчала со друг во Мексико, а син се фрлил на освојување на младата ѕвезда.