Денес во ПО Охрид на Државниот Архив Охрид, архивските работници му одадоа почит на Тоде Илиевски – општествен деец, писател, енигматичар, библиотекар, шахист…
Епитетите за Тоде Илиевски започнуваат со префиксот НАЈ …но неговата скромност и допринос во општествено културното деание во Охрид и Македонија не прават во целост да се воодушевуваме. Иако Илиевски во 2022 година прерано не напушти сепак тој остави трага која нема да биде избришана и засекогаш ќе остане врежана во нашата меморија. Архивот ќе допринесе кон тој процес со тоа што веќе е отворен фонд „Тоде Илиевски“, а благодарејќи на неговото семејство колекционерскиот библиотечен фонд кој Тоде Илиевски го собирал низ текот на неговиот живот во целост e превземен во Архивот Охрид, велат од ПО Охрид на Државниот Архив.
Денес на неговиот роденден известуваат и дека наскоро во заедничка презентација со семејството на Тоде Илиевски ќе биде преставен целосниот процес на превземање на библиотечниот фонд кој изобилува со историски и архивски документи и книги.
OhridNews