Архивот на град Охрид ќе изврши спогодбено преземање на документацијата од животот и делото на доајенот на македонското пливање Александар Леко Радич, информира установата.
Во прекрасна соработка и спогодба со семејството Радич, архивот ќе ја преземе документација која има непроценливо историско значење каде воедно ќе биде заштитена, средена и чувана во соодветни услови се со цел да послужи за проучување на ликот и делото на доајенот Радиќ од сегашните и идните генерации. – вели Доц. Д-р. Никола Митровиќ Бабе.
Архивот на град Охрид се заблагодарува на семејството Радич за големата свест кон она што претставува заштита на документација при архивски услови, додава Митровиќ.
Спортската легенда на Охрид, Александар Леко Радич, таткото на маратонското пливање и творецот на плејада врвни пливачи и спортисти, почина на 17 јуни 2016 година на 87 годишна возраст.
Леко Радич е роден во 1929 година во Охрид, а својата пливачка и тренерска кариера ја започнал во ПВК „Охридски бранови“. Тој е човекот низ чии раце поминале сите наши пливачки шампиони како што се братот и сестрата Дики и Атина Бојаџи, Климе Савин, Насте Јончески, Ристо Бимбиловски и Александар Маленко.
Во 2013 година Леко Радич го доби највисокото општинско признание за животно дело Свети Климент Охридски – Патрон на градот.
Зад себе остави богата спортска архива за која ќе се грижи Арвивот на град Охрид.
OhridNews