Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во понеделник на 1-ви јуни 2015 година, во црквата „Света Софија“ во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Втор ден Духовден“.
Литургијата ќе започне во 9 часот и со неа ќе чинона-чалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј.
По завршувањето на светата литургија ќе биде промовирана книгата „Преполовение или Руса Среда?“, од дипломираниот теолог Виктор Недески од Охрид.
OhridNews