Прерано е да се зборува за прогласувањето на Тоше Проески за светец смета поглаварот на Македонската православна црква господин господин Стефан.

Тоше заслужува секаква почит и признание од нашата црква и од нашиот народ за се она што го направи во текот на неговиот пекраток живот. Откако почина откривме колку бил богољубец, колку им помагал на луѓето, на сиромашните, на оние кои имале здравствени проблеми.  Тој беше човек кој навистина може да биде пофален за неговиот богоугоден живот, затоа што на неговите години изгради манастир на падините кај Крушево. Тоа се дела кои навистина мора да бидат респектирани  и од нашата црква и од верниците, и од сите оние кои ги почитуваат вредностите што остануваат по нас. Меѓутоа никој однапред не може да каже дали Тоше ќе биде прогласен за светец затоа што прогласувањето на светители во Православната црква се врши според една процедура и критериуми кои се востановени во црквата Христова. Се уште е прерано да се зборува за тоа, изјави поглаварот на МПЦ архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан при вчерашната посетата на  Струмица, пренесува МИА.

Во врска со предложеното идејно решение за изградба на гробницата на Тоше архиепископот Стефан рече дека гробовите на покојните обично ги подигаат родителите и дека таа работа треба да се остави на неговите најблиски и тие да кажат што сакаат да имаат како гробница за покојниот Тоше.

ohridnews